Со свечено поставување на камен темелник, „Лидл“ започна со изградбата на својот прв логистичко – дистрибутивен центар во Босна и Херцеговина.
Инвестицијата во дистрибутивниот центар во Лепеница е во вредност од 100 милиони евра, што досега претставува и најголема инвестиција на „Лидл“ во БиХ, со која ќе се отворат над 200 нови работни места.
Целиот проект опфаќа земјиште во површина од 250.000 квадратни метри, додека складиштето ќе биде на површина од 60.000 квадратни метри.
Од компанијата соооштуваат дека Центарот ќе користи напредни методи за енергетска ефикасност и за намалувaње на влијанието врз околината.
Во рамките на свеченоста за одбележување на почетокот на изградбата, генералниот директор на „Лидл“ – БиХ, Толјан Папајорги, ја сподели визијата и амбициите на компанијата за овој проект, нагласувајќи дека новиот логистички центар ќе биде клучен чекор за влезот на „Лидл“ во пазарот во БиХ, овозможувајќи и на компанијата да го примени „богатото искуство кое е стекнато на глобално ниво“.
Посветената работа и соработката во изминатите месеци ни го поплочија патот заедно да го одбележиме овој значаен пресврт. Денеска со гордост ја преставуваме нашата најголема инвестиција во Босна и Херцеговина, изјави Папајорги.
На свеченоста присуствуваа амбасадорот на Германија во БиХ, д-р Томас Фиштен, шефицата на секоторот за кооперација при Делегациајта ЕУ во БиХ, Антонела Ди Сандра, началникот на општината Кисељак, инж. Младен Мишуриќ – Рамљак, како и останати високи претставници од политичкиот, дипломатскиот и деловниот сектор.
Извор: InStore.ba
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.