Регион

Хрватска: „Подравка“ го одбележа Денот на планетата Земја со цртање на конзерви

25 Apr 2024

„Подравка“ во соработка со Основните училишта од Копривница и Центарот за воспитување, образование и рехабилитација, „Подравско сонце“, за Денот на планетата Земја, организира  акција за цртање на конзерви.

Целта на оваа акција е подигнување на свеста за предностите од користењето на ваквата амбалажа, како што е нејзиното рециклирање , а конзервите на кои се црташе беа изложени на градскиот плоштад во Копривница.

 Конзервите традиционално се поврзуваат со „Подравка“ и тие се користат од самиот почеток на производството на „Подравка“. Тие се еден од одговорите на зголемените барања поврзани со одржливиот бизнис. Тие ја обезбедуваат нутритивната вредност на храната која е брзо подготвена за консумирање и  не содржи конзерванси, а конзервата може да се рециклира и може да се користи одново и одново. Минатата година „Подравка“ донесе Стратегија за одржлив бизнис, во чии рамки една од главните цели е 100% од амбалажата на „Подравка“ да може да се рециклира, да се враќа или да се компостира, а употребата на конзервите во голема мера придонесува за постигнување на таа цел. Затоа, како дел од кампањата „Може. Омилено пакување на сите“, сакавме да ве потсетиме на сите предности на конзервите. Затоа им благодариме на најмладите меѓу нас кои ни помогнаа да го заживееме овој проект и ни ја покажаа својата креативност, изјави Мартина Далиќ, претседателка на Управата на Подравка.

На отворањето на изложбата присуствуваше и градоначалникот на Копривница, Мишел Јакшиќ, кој во оваа прилика го поздрави проектот и ја изрази својата поддршка за понатамошни заеднички акции кои придонесуваат за квалитетот на животот на заедницата во овој град.

Конзервите извесно време ќе бидат изложени во училиштата, по што на 1 мај ќе се врататат во центарот на Копривница за повторно да бидат изложени.

 

Извор/Фото: „Подравка“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...