Во периодот од 23 ноември до 17 декември, „Лидл“-Србија и годинава во соработка со Црвениот крст-Србија, ја спроведува кампањата „Малите дела се големи“.
Во рамките на кампањата купувачите ќе имаат можност да купуваат препорачани артикли од понудата на „Лидл“- Србија и да ги донираат за најзагрозените граѓани. Покрај тоа, „Лидл“ ќе донира и опрема во вредност од 1.800.000 динари за потребите на програмата за народни кујни на Црвен крст- Србија.
Ги повикуваме купувачите и годинава да земат учество во акцијата и со заеднички сили да им помогнеме на најзагрозените сограѓани. Минатата година, сите заедно им помогнавме да имаат пријатни празници на околу 9.000 наши сограѓани кои се хранат во локалните народни кујни и кои ги примаат донациите. Се надевам дека оваа годинава ќе постигнеме уште повеќе, изјави Александра Мириќ од „Лидл“ -Србија.
Во сите продавници на „Лидл“-Србија ќе може да се најдат препорачани производи од основните намирници и производи за куќна и лична хигиена, тестенини, конзервирано овошје и зеленчик и слично, кои после купувањето ќе може да се остават на посебно место кај касата. Овие намирници ќе бидат донирани за корисниците на услугите на Црвениот крст-Србија.
Донираните намирници ќе бидат преземени од волонтерните на Црвениот крст, а дистрибуцијата на производите до корисниците ќе се врши директно или низ програмата за народни кујни за која „Лидл“ годинава донира опрема.
На овој начин, „Лидл“ -Србија во соработка со своите потрошувачи цели да придонесе за најзогрезените жители во претпразничниот период даги имаат на располагање сите основни намирници за широка потрошувачка, истакнуваат од компанијата.
Кампањата на „Лидл“ се спроведува од 2019 година.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“-Србија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.