Денес во Белград е отворена новата продавница на „Лидл“ во рамките на реновираниот Сава центар.
Оваа продавница на „Лидл“ се разликува од останатите поради тоа што Сава центарот е прогласен за јавно добро и со тоа беа потреби бројни специфични технички решенија и нестандарден изглед на продавницата, соопштуваат од компанијата и додаваат дека „Лидл“-Србија успеал да најде начин на прво место да ја стави функционалноста на продавницата и да им овозможат на своите купувачи „единствено искуство во купувањето на кое досега биле навикнати“.
Новата продавница на „Лидл“ во Сава центарот располага со површина од 1.400 квадратни метри, каде што може да се најде комплетниот асортиман ,како и обезбеден паркинг. Купувачите во продавницата ќе можат да ги најдат актуелните сезонски и неделни понуди.
Нашите потрошувачи во Нов Белград, како и и сите посетители на Сава центарот, од денес ќе имаат прилика своите набавки да ги вршат на уште една пристапна локација. „Лидл“ досега во своите продавници во Србија главно ги практикува стандардните решенија, а сега имам друга ситуација каде што моравме да се приспособиме на постоечкиот објект. Висината во продавница е повисока како боите. Една од занимливостите е што за прв пат потрошувачите на располагање ќе имаат и корпи покрај количките за пазарување на кои се навикнати, изјави Јасмина Срндиќ, раководителка за Корпоративни комуникации во „Лидл“-Србија.
Во новата продавница вработени се 30 лица, кои ќе имаат петдневна работна недела, на кои ќе им биде платена секоја минута на труд, како и додатни поволности, вклучувајќи го приватното здравствено осигурување под еднакви услови за сите.
„Лидл“-Србија има 68 продавници во целата држава.
Извор: Instore.rs
Фото: Lidl Srbija
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.