Регион

Отворен нов „Шпар сити“ во Целје

29 Sep 2023

Како дел од инвестицијата вредна повеќе од 900.000 евра, „Шпар“ – Словенија отвори нов маркет во Целје, на улица Прешернова бр. 10.

Во новата продавница, која се простира на површина од 580 квадратни метри и има три наплатни каси, вработени се 17 луѓе. Како што соопштуваат од компанијата, од богатиот асортиман, акцентот е ставен на свежата храна и на подготвените оброци од линијата Spar To Go.

Сакавме на жителите на Целје да им понудиме продавница со широка и свежа понуда, приспособена на динамичното и брзо темпо на градскиот живот, изјави Давид Ковачич, извршен директор на „Шпар“ – Словенија.

Новата продавница користи 100% природен гас за греење и за ладење, кој не е штетен за животната средина. Освен тоа, продавницата е опремена со економично ЛЕД-осветлување, кое помага да се намали потрошувачката на електрична енергија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...