Регион

Хрватска: „Подравка“ ја прекина испораката за „Кауфланд“

22 Aug 2023

„Кауфланд“ веќе нема да ги има производите на „Подравка“ на своите полици. 

„Подравка“ уште во април ја прекина испораката за „Кауфланд“, поради тоа што не успеавме да постигнеме обострано прифатлив договор за условите за соработка. Имено, барањето на „Кауфланд“ за поповолни услови, односно цени, во однос на нашите останати трговски партнери за „Подравка“ не е прифатлив, а освен тоа, е спротивен и на одредбите од Законот за забрана на нечесна трговска практика во синџирот на снабдување со храна, соопштија од „Подравка“. 

Од компанијата додаваат дека остануваат отворени за продолжување на соработката, но со услови прифатливи за двете страни. 

„Кауфланд“ - Хрватска има долгогодишна соработка со домашните производители, меѓу кои е и „Подравка“, која не ја тргнавме од полица и моментално на купувачите им нудиме некои од нивните најпродавани артикли, како што е Lino Lada. Во тек се преговори меѓу „Кауфланд“ и „Подравка“ и веруваме дека наскоро ќе се постигне договор, за на купувачите да им овозможиме најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот, соопштија од „Кауфланд'“. 

Извор: Lider
Фото: Kaufland



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...