„Шпар“ – Хрватска покрена акција за намалување на уделот на шеќер во производите од приватните трговски марки. На трговецот му се приклучи и производителот „Виндија“, што е повик и кон другите производители на хрватскиот пазар да се вклучат во акцијата, за општо добро.
По иницијативата, има помалку шеќер во брендовите на Spar, S-Budget, Spar Natur*pur и Spar Vital. Вкупно 160 од нив ги променија рецептурите. Во одредени производи и до 80 отсто е намален уделот на шеќерот, без да дојде до промена во вкусот.
Континуираната работа на менување на рецептурите во разни категории производи (колачи, безалкохолни пијалаци, сирупи, пудинзи, мусли, кекс, капучино) резултираше со намалена количина шеќер во приватните трговски марки за повеќе од 300 тони.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.