„Подравка“ и Хрватскиот атлетски сојуз потпишаа договор за спонзорство преку кој компанијата ќе му помогне на сојузот во промоција и развој на хрватската атлетика, олимпискиот дух, активниот начин на исхрана и здрава исхрана.
Договорот го потпишаа Мартина Далиќ, претседателка на Управата на „Подравка“ и Иван Вештиќ, претседател на Хрватски атлетски сојуз.
Како општествено одговорна компанија, со гордост даваме поддршка во промоција на спортот и здравиот начин на живот. Верувам дека ова партнерство ќе биде клучен чекор во натамошниот развој на хрватската атлетика. Неодамна ја претставивме нашата Стратегија за одржливо работење до 2030 година, која, меѓу другото, ја нагласува нашата грижа за здрава исхрана, за вработените и за заедницата. Ова партнерство јасно ја покажува нашата преданост кон тие цели, изјави Далиќ.
Сакам да ѝ се заблагодарам на „Подравка“ на укажаната доверба што ѝ ја дава на хрватската атлетика. Последните години од секој голем натпревар се враќаме барем со еден медал, а сигурни сме дека со оваа поддршка ќе има уште повеќе и уште поголеми резултати. Се радувам на заедничката соработка, изјави Иван Вештиќ, претседател на Хрватски атлетски сојуз.
Во рамки на спонзорството, атлетичарите исто така ќе го носат логото на „Подравка“ на своите дресови и опрема.
Извор/Фото: Podravka
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.