Регион

Групацијата „Краш“ е профитабилна и покрај кризата

04 Nov 2022

Консолидираните вкупни приходи на „Краш“ во периодот од јануари до септември 2022 година бележат зголемување за 8,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Со оглед на сеприсутната нестабилност во речиси сите индустрии, може да бидеме задоволни од резултатите за првите девет месеци, но сепак можеме да гледаме на иднината со претпазливост и соодветно да ги планираме активностите, изјави Славко Ледиќ, претседател на Управниот одбор на „Краш“.

Иако економските движења се неповолни, вкупниот обем на продажба е 27.147 тони или за 433 тони или 2 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Постигнат е квантитативен пораст на продажбата и на домашниот и на извозниот пазар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...