„Подравка“ најави изградба на нов објект во кој е предвидено производството да почне во август 2023 година, а со проширувањето на фабриката ќе се отворат дополнителни 20 нови работни места.
Фабриката, чија изградба се проценува 55,5 милиони евра, ќе се простира на 2.800 квадратни метри на приземје и 1.600 квадратни метри на кат. Капацитетот на линијата за производство на тестенини ќе биде околу 13 тони по смена, што е околу 10.000 тони годишно.
Новата фабрика предвидува воспоставување контрола врз производството на нашите суровини. Целта е Словенија, односно „Жито“ да биде центар на пекарскиот сектор на групацијата „Подравка“, а другите производства да се доближат до седиштето на „Подравка“ преку реструктурирање, изјави претседателката на УО на „Подравка“, Мартина Далиќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.