Стопанската комора на Србија (ПКС) ги покани производителите на вино и винариите од целиот регион да се пријават за учество на Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија од Отворен Балкан“.
Пријавувањата се до 11 јули, а саемот на вино ќе се одржи од 1 до 4 септември во Белград под покровителство на иницијативата „Отворен Балкан“.
-Чест ни е и задоволство да ве поканиме на првиот меѓународен саем за вино организиран од партнерските земји - основачи на иницијативата Отворен Балкан – Србија, Северна Македонија и Албанија, кој ќе се одржи во Белград од 1. до 04.09.2022 година, се наведува во соопштението на ПКС.
Оваа манифестација е идеална можност за производителите на вино и винариите од целиот регион да се претстават пред најшироката публика и со тоа да обезбедат уште поголема видливост на пазарот. Исто така, ова е можност за сите изложувачи да се сретнат, да ги споделат своите искуства и да се поврзат со дистрибутери и претставници на комплементарни индустрии.
Како што се наведува во повикот на Стопанската комора на Србија, крајниот рок за пријавување на излагачите е 11 јули 2022 година, а за учество на Саемот можете да се пријавите со испраќање на формуларот за апликација на: ob-winefair@sajam.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.