Регион

Енoрмно „скокнаа“ цените на тоалетната хартија

20 May 2022

За 45 отсто се зголемија цените на тоалетната хартија во периодот од август минатата година до сега, велат производителите на тоалетна хартија во регионот.  

Причина е поскапувањето на суровините – целулозата, чија просечна цена од 900 евра за тон е зголемена на 1.500 евра. Материјалите за пакување, особено картонските фолии и кутии, како и логистиката, значително поскапеа – рече Крунослав Кишак, ко-сопственик и директор на  хрватската „Делт пејпер“.

Александар Фемиќ, сопственик на фабрика за производство на тоалетна хартија од Сурчин (кај Белград) вели дека во споредба со март минатата година, тоалетната хартија е поскапа и за 70-80 отсто! Транспортот од Русија драстично поскапе - од 1.000 евра на 5.000 евра. Стравувам дека ќе почне да опаѓа продажбата на квалитетна хартија и ќе се оди на поевтини варијанти. Тоа не е добро ни за производителите. ни за трговците, ни за потрошувачите, вели тој. 

За 20-ина проценти се зголемени цените и на хигиенските влошки, влажните марамчиња и пелените.Во хрватските медиуми, од групацијата за хигиенски производи „Виолета“ го најавиле поскапувањето, изјавувајќи дека од 8 мај ќе ги коригираат цените за 10 до 15 проценти, а најмногу корекција ќе има кај тоалетната хартија и кај хартиените крпи. Овој бренд е широко застапен и во Македонија. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...