Италијанскиот трговски синџир „Еуроспин“ во Хрватска ги ограничи количините на одредени прехранбени производи кои можат да се купат во маркетите.
Викендов, купувачите ги дочека известување дека во продавниците на „Еуроспин“ можат да купат само по две парчиња брашно, масло за јадење, шеќер и тестенини, по корпа.
И други трговци најавија дека се можни ограничувања од овој тип, доколку продолжи хистеријата на купувачите и панично празнење на полиците.
Затоа, на нашите купувачи им праќаме пораки дека и маслото за јадење и другите секојдневни потребни производи ги имаме на залиха. Во пандемијата сите заедно, и тоа како го совладавме управувањето со залихите во исклучително предизвикувачки околности и се надеваме дека нашите купувачи ќе препознаат дека нема потреба да отстапуваат од редовните навики за купување, соопштија од хрватски „Конзум“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.