„Пепсико“ покренува образовна програма наречена „Мое образование“ (myeducation) со која ќе им овозможи на повеќе од 100.000 вработени во САД да ги развијат своите вештини и кариерите да ги насочат во друг правец.
Програмата ќе им овозможи пристап на вработените до 100 флексибилни програми за едукација и усовршување во неколку училишта и универзитети. КОмпанијата ќе ги покрие сите трошоци за книги и школарини за широк спектар програми. Програмата е осмислена во партнерство со „Гуилд еџукејшн“, американска платформа за образование и усовршување и поттикнува посветеност кон компаниската стратегија пеп+ (Пепсико Позитив).
Во „Пепсико“ сакаат ова да биде начинот на кој ќе создадат раст и одржливост во сите сегменти, од производство до испорака.
Како што се менува работната сила, „Пепсико“ е посветен да им осигура на нашите соработници да растат заедно со компанијата, не само во корист на нашата организација, туку и да ја изградат и поддржат заедницата во која работиме. Со влогот во целни програми за усовршување, можеме да помогнеме да се обезбеди работна сила за иднината, соопштија од „Пепсико“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.