Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција во Хрватска ја одобри на прво ниво намерата за спроведување на концентрацијата што произлегува од стекнувањето директна контрола на трајна основа на „Студенац“ над „Пемо“.
Станува збор, како што се наведува, за хоризонтална концентрација на релевантниот пазар на трговија на мало, во Дубровничко-Неретванската жупанија и на подрачјето на градот Дубровник, каде што има преклопување на овие претприемачи. „Студенац“ треба да ги преземе пазарните позиции што ги држи „Пемо“.
На пазарот на Дубровничко-Неретванската жупанија и градот Дубровник, „Студенац“ би станал водечки пазарен учесник со пазарен притисок врз другите големи трговски синџири.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.