На менаџерскиот тим на „Подравка“ на функцијата главен директор за интернационални пазари ќе им се приклучи Далибор Шијак.
Шијак има богато работно искуство на меѓународни пазари стекнато во тек на неговата долгогодишна кариера. На новата позиција доаѓа од „Атлантик група“ каде работеше шест години. Претходно, работеше во „Адрис група“ (2012-2015) и во „Подравка“ (1999-2012) на функциите директор за Полска и директор за централна и источна Европа.
Даниел Коцијан, искусен менаџерски кадар на „Подравка“, со речиси 20 години работа во продажба и маркетинг во Хрватска, Србија, Црна Гора и Полска, ја презема новата должност за координација и управување со пазарите на југоисточна Европа. Коцијан има големо искуство во управување со меѓународни пазари во различни развојни фази и значително придонесе во развој и пласман на производното портфолио на „Подравка“, соопштија од компанијата.
Сања Гарај Милош, досегашна директорка на маркетинг на програмата Кулинарство на „Подравка“, е именувана за директорка на секоторот за корпоративен маркетинг и комуникации. Со своето големо иксуство во подрачјето маркетинг и управување со брендови и долгогодишната работа во прехранбената индустрија значително ќе придонесе кон остварување резулати, се вели во соопштението.
Промените во менаџерскиот кадар на „Подравка“ ќе стапат на сила на 17 јануари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.