Ноќеска изгоре хипермаркет на „Темпо“ во индустриската зона во Нови Сад. Повредени нема, но материјалната штета е огромна.
Пожарот избувнал околу 23 часот. Огнот го гаселе 54 пожарникари со 22 возила, а успеле да го стават под контрола по 3 часот утрово. На местото на настанот стигнале и голем број полицајци.
Станува збор за објект со големина од 7.000 квадратни метри. Хипермаркетот работел 24 часа, па во моментот на пожарот таму имало неколку купувачи и десетина вработени. Сите биле навреме евакуирани.
Причината за пожарот засега не е позната.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.