Цикоријата што „Франк“ ја користи за пијалаци е со највисок квалитет, а се одгледува и преработува во Хрватска.
Годинава во фабриката „Франк“ во Бјеловар се преработени вкупно 1.000 тони цикорија. По примарната обработка на суровината од цикоријата, конечно се произведени 250 тони сува цикорија. Од „Франк“ велат дека цикоријата што ја користат за пијалаци се одгледува и целосно се преработува во Хрватска, а потоа се извезува на речиси сите европски пазари, како и во САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Катар.
Благодарение на големиот труд, брзината и умешноста на вработените, „Франк“ успеа да се погрижи преработката на цикоријата да биде без застој, а крајниот производ да биде со висок квалитет. Сувите коцки цикорија се пржат, мелат и пакуваат како такви и по докажани рецепти, се мешаат со житарки и јачмен слад, со што се добива вкусен напиток без кофеин богат со инулин во кој можат да уживаат и децата и возрасните.
Дистрибуираме кафе и пијалаци од житарки и цикорија на пазарите во регионот, како што се Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија. Евидентираме извоз во европските земји како Германија, Австрија, Холандија, Словачка, Романија, Ирска, Шведска, Чешка, но и во подалечните како Канада, САД, Австралија, Нов Зеланд и Катар, наведува Франк.
Земајќи ги предвид современите потрошувачи и нивните потреби, Франк дополнително се приспособи на брзиот начин на живот нудејќи пијалаци од оваа категорија, притоа внимавајќи на потребата на потрошувачите да се грижат за своето здравје и исхрана.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.