Два големи трговски синџири во Хрватска, „Конзум“ и „Плодине“, ги изгубија споровите против казната што им беше изречена поради кршење на законот за нечесна трговска практика од страна на Агенцијата за заштита на пазарниот натпревар.
Загрепскиот Управен суд ја потврди казната од 1,1 милиони куни за „Кауфланд“. Станува збор за случај со еден добавувач со кој синџирот склопил договор кој не содржи јасен рок за негово траење, што по законот претставува нечесна трговска практика.
Освен тоа, во спорниот договор „Кауфланд“ договорил и наплатил надомест за достава на земјоделски и прехранбени производи надвор од договореното место на испорака, надомест за чување и манипулација по испораката на производите, како и надомест за услуги што не му биле пружени на добавувачот.
Со тоа трошоците што по преземањето на стоката треба да ги сноси „Кауфланд“ се префрлени на добавувачот. Жалбата на трговецот целосно е одбиена.
Во случајот со “Плодине“, станува збор за казна од 1 милион куни затоа што трговскиот синџир користел значителна преговарачка сила кон добавувачот на месо „Екро Бв“. Утврдено е дека трговецот не склучил писмен договор со добавувачот, туку работел на основа на понуда и прифаќање на понудата, без утврдени цени, квалитет на производите, рокови за плаќање... „Плодине“ покрај казната се задолжени да ги платат и трошоците за управниот спор.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.