Регион

БиХ: Jana покрена акција за помош на Здружението за деца заболени од рак

26 Oct 2021

Природната минерална вода Jana покрена хуманитарна акција „Капка љубов за малите херои“ со која ќе се собираат средства за работа на здружението „Срце за децата заболени од рак“. Дел одсредствата од продажбата на кое било пакување на водата Jana во продавниците на „Конзум“ ќе се издвојат за донација за здружението. 

Акцијата ќе трае од 22 октомври до 12 декември ширум Босна и Херцеговина.

Ова здружение веќе 18 години секојдневно им помага на деца заболени од канцер и го олеснува процесот на нивно лекување - им пружа сместување, храна и психосоцијална поддршка, организира годишни кампови за рехабилитација, помага во набавките на лекови, медицинска опрема и третмани во странство. 

Во процесот на лекување на децата посебно значење имаат поддршката од системот и општествената заедница кои на различни начини даваат придонес за опстанок на здружението и подобри услови за децата. Неизмерно сме среќни за овој проект и сме благодарни за поддршката и љубовта што произлегуваат од него, соопштија од здружението „Срце за децата заболени од рак“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...