Регион

„Виндија“ и „Кока“ ги зголемија платите на вработените

05 Oct 2021

Прехранбените компании „Виндија“ и „Кока“, кои се дел од групацијата „Виндија“, донесоа одлука според која ќе се зголемат платите на вработените.

Со оваа одлука продолжи програмата за подобрување на статусот и работничките права на вработените во една од најголемите хрватски прехранбени компании, во која се вработени вкупно 4.339 лица. Според процените на компанијата, наведеното зголемување на платите на годишно ниво кумулативно ќе изнесува дополнителни 3,28 милиони евра.

Компанијата објави дека зголемувањето е продолжение на процесот за подобрување на условите за работа, и со кој сите вработени ќе продолжат да ги добиваат придобивките што ги имаа досега, како што се регрес, велигденски и божиќни финансиски бонуси и пакети со производи. Покрај тоа, компанијата ќе продолжи да финансира и да купува училиштен прибор за децата на своите вработени на почетокот од учебната година, а ќе плати дополнителна финансиска поддршка по повод Денот на сите светци.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...