Регион

Уште еден „Лидл“ во Загреб

31 Aug 2021

Трговскиот синџир „Лидл“ продолжува со ширење на својата мрежа во Хрватска. 

Последниот објект е отворен во Загреб, на улица „Кобилјачка цеста“ бр.54. Тоа е 103 продавница на „Лидл“ во Хрватска. Изградена е според нов концепт на изградба и дизајн кој подразбира поголем продажен простор, пространи паркинг места (вкупно 120), повеќе природно светло, поголема енергетска ефикасност, атрактивен изглед и уште поголема удобност за купувачите, соопштија од „Лидл“. 

„Лидл“ во Хрватска работи од 2006 година. Оттогаш, отвори 103 продавници и два логистичко - дистрибутивни центри и вработи повеќе од 3.200 работници. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...