Регион

„Неопланта“ почна да продава и во Африка

04 Aug 2021

Паштетата Piteca на компанијата „Неопланта“ од јуни успешно се дистрибуира во Ангола, Африка.

„Нелт“, заедно со својата компанија „Неопланта“, добро го истражи пазарот на Африка. Препознавме простор за развој на нови производи и успеавме по достапна цена да произведеме паштета која ќе биде по вкус на потрошувачите со ниска куповна моќ и со специфични навики во поглед на исхраната, изјави Саша Ќириќ, менаџер за маркетинг и развој во „Неопланта“.

Тој додаде дека при истражувањето на новите идеи и проекти заклучиле дека оваа категорија има голем потенцијал. За новиот пазар се развиени три различни видови производи: пилешка паштета, рибја и пилешка паштета со зачинот пири пири, исклучително популарен во Ангола.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...