Регион

Повеќе од 700 производи со етикета за квалитет преку проектот „Создаденo во Србија“

02 Jul 2021

Една година од почетокот на проектот „Создадено во Србија“, повеќе од 700 производи ја добија престижната домашна етикета за квалитет Čuvarkuća.

Čuvarkuća е проект што гледа во иднината, неколку години однапред, рече Саша Вељковиќ, професор на Економскиот факултет во Белград, на панелот „Создадено во Србија - лидерството е важно“, на кое присуствуваа водечки луѓе од малопродажбата индустријата во Србија. Тој додаде: Планот е да се додели домашната ознака за квалитет не само за производите, туку и за услугите и да се поддржат малите производители во областа на образованието и брендирањето, вклучувајќи ги и младите луѓе. Голем предизвик е Čuvarkuća да почне и со меѓународното издание до крајот на годината, како етикета што ќе биде претставена не само во ЕУ, туку и на Блискиот исток, Кина и на другите пазари.

Иван Шулеиќ, генерален директор на ДИС истакна дека проектот подразбира обединување на сите домашни производители, компании, дистрибутери, трговски синџири и потрошувачи на Србија во еден фронт - зачувување на нашата прекрасна Србија. Тој истакна дека продажбата на производи со ознаката Čuvarkuća во ДИС е зголемена за 15 проценти, како и дека 5.600 производи од Србија се на полиците на овој трговски ланец.

Томислав Шапина, генерален директор на „Лидл“ - Србија посочи дека во 2018 година почнале со 250 домашни производи а сега, три години подоцна, тој број е двојно поголем.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...