Регион

Турска компанија ќе одгледува органскo овошје во Црна Гора

13 Apr 2021

Турската компанија „Агрогора органик“ ќе одгледува органско овошје во општина Мојковац, Црна Гора. 

Компанијата закупи 11.713 квадратни метри земјиште на 10 години, во истоимената општина. Ангажирани се 120-150 сезонски работници. 

Целта на „Агрогора органик“ е да се покрене иновативно агро-работење во Црна Гора, за да се искористат природните залихи на шумско овошје и органското производство на овошје во земјата. Технологијата е во склад со добро развиената побарувачка на пазарот во западна Европа, соопштија од компанијата. 


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...