Регион

„Подравка“ со повеќе од 2,8 милиона евра ќе го подобрува статусот на работниците

06 Apr 2021

Менаџментот на „Подравка“ усвои пакет мерки за подобрување на статусот и положбата на работниците, во кои компанијата ќе инвестира повеќе од 2,8 милиона евра.

Станува збор за низа мерки насочени кон зголемување на приходите на работниците, чија имплементација почна од 1 април годинава.

Сегашните најниски коефициенти на сложеност на работните места за работниците во „Подравка“ ќе се зголемат на 1,87, што ќе опфати речиси 520 работници. Покрај тоа, на сите вработени во „Подравка“ и во „Мирна“ ќе им биде зголемен коефициентот на успешност на 1,15, а ќе имаат и награден додаток од околу 33 евра, покрај месечната плата, што ќе се исплаќа секој месец, се наведува во соопштението.

„Подравка“ посочува дека овој пакет мерки вклучува нешто повеќе од 3.250 работници.

Тие, исто така, најавуваат дека дополнително, до средината на април, на сите вработени во „Подравка“, „Белупо“ и во „Мирна“ ќе им се исплати еднократен бонус во износ од околу 165 евра за постигнатите деловни резултати во 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...