Регион

„Бинго“ пушти во употреба репро-центар за пилиња

01 Apr 2021

БиХ: Со работа почна најсовремениот живинарски репро-центар и инкубаторска станица за одгледување еднодневни пилиња, на компанијата „Бинго“.

Репро-центарот е со капацитет од 24.000 кокошки, додека инкубаторската станица за одгледување еднодневни пилиња е со капацитет од 10 милиони јајце-места.

Со овие два проекта годишно ќе имаме околу 6,4 милиони јајца, а само преку инкубаторската станица ќе се произведат речиси 2,4 милиона еднодневни јајца. Со нив ни се отвораат пазарите од земјите во ЦЕФТА, а се надеваме дека ќе се отвори и можност за извоз во ЕУ, истакна Енес Омеровиќ, раководител на живинарското производство во „Бинго“.

Од компанијата истакнуваат дека во овие најсовремени објекти животните се третираат на најхуман начин.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...