Регион

Нов „Шпар“ во Ново Место

09 Mar 2021

Во четвртокот на 4 март, „Шпар“ – Словенија го отвори новиот хипермаркет во Ново Место, кој е 107. продажен објект на трговскиот синџир во земјата.

Продавницата „Шпар Дрска“, која беше изградена за 8 месеци, е уредена според најсовремените стандарди. Вкупната инвестиција на „Шпар“ – Словенија за новот хипермаркет изнесува 1,4 милиони евра. Продажниот објект се простира на повеќе од 1.780 квадратни метри. Вработени се 27 нови работници, а во рамките на објектот наскоро ќе биде отворена и аптека.

Како што соопштуваат од компанијата, купувачите можат да очекуваат широк асортиман – од производи од словенечките производители, па сѐ до познати глобални брендови, како и неколку различни оддели: за овошје и зеленчук, месарница, рибарница, пекарница и др. Тука е и понудата „Шпар ту гоу“, која станува сѐ попопуларна меѓу купувачите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...