Регион

„Мегле“ има нов дистрибутер во Хрватска

05 Feb 2021

Компаниите „Мегле Хрватска“ и „Станиќ д.о.о“ договорија соработка за дистрибуција и големопродажба на производите на „Мегле“ во продавници и ресторани. 

Договорот за преземање на дистрибуцијата на „Мегле“ со еден од водечките дистрибутери на хрватскиот пазар од февруари 2021, е резултат на реорганизација на работењето на германската компанија. Дури и откако го напуштивме локалното производство, и натаму сме присутни на хрватскиот пазар со широк спектар на нашите млечни производи. Заедно со дистрибутерот ќе се обидеме производите на кои се навикнаа нашите верни потрошувачи и натаму да бидат широко достапни во малопродажбата, но верувам и во добро покривање на ХоРеКа каналот, изјави Марјан Вучак, извршен директор на „Мегле“ за Хрватска. 

Истовремено, од компанијата најавија и дека ќе претстават нови производи на пазарот. 

„Станиќ“, како еден од водечките дистрибутери на „ладен“ асортиман, низ сопствена мрежа на дистрибутивни центри и големопродажба, покрива повеќе од 6.000 продажни места во угостителството и трговијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...