Регион

„Фортенова“ во ексклузивни преговори со „Номад фудс“

12 Jan 2021

„Фортенова група“ извести дека по завршувањето на процесот на длабинско снимање вио постапката за продажба на брендовите Ledo plus, Ledo Čitluk и Frikom, влезе во ексклузивни преговори со компанијата „Номад фудс“ и очекува дека трансакцијата би можела да биде заклучена во текот на летото.

Џејмс Персон, извршен директор на „Фортенова“, изјави дека „Номад фудс“ е компанија со исклучителни инвестициски и оперативни постигнувања и со јасен фокус на сегментот „смрзната храна“ во Европа. 

Има уште многу работа, треба да се исполнат низа услови пред да постигнеме конечен договор, но секако очекува дека во тоа ќе успееме, изјави Персон. 

Главната цел на „Фортенова“, освен максимизирање на вредноста, е склучување трансакција со стратешки партнер кој ќе даде максимален придонес во натамошен развој на сегментот „смрзната храна“ и да ја препознае вредноста и потенцијалот на овој сегмент и на луѓето кои работат во него. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...