Регион

„Фортенова“ најави преземање на „Дијамант“

23 Dec 2020

Хрватската „Фортенова група“ извести за намера да преземе 3,85 отсто од акциите на компанијата „Дијамант“ од Зрењанин, објави Белградската берза.

Во намерата за преземање, „Фортенова“ дејствува заедно со „Агрокор“, кој според податоците од Централниот регистар за хартии од вредност е сопственик на 96,15 отсто од акциите на „Дијамант“. 

Од посакуваните 3,85 отсто акции, најмногу (или 3,19 отсто) ги има самата компанија „Дијамант“ додека останатите се во сопственост на физички лица и банки. „Фортенова група“ најави дека во рок од 15 дена од Комисијата за хартии од вредност на Србија ќе побара одобрување на објавената понуда. 

Како што пишуваат регионалните медиуми, до преземањето треба да дојде на основа на Протоколот меѓу „Фортенова“ и „Агрокор“ од крајот на март минатата година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...