Ненад Мишчевиќ е нов генерален директор на групацијата „Нектар“, најголем преработувач на овошје и зеленчук и производител на сокови во југоисточна Европа. Тој стапи на функција на 1 декември.
Во рамките на „Нектар“ работат компаниите “Нектар“, „Хеба“ и „Фруктал“.
Мишчевиќ се приклучи на „Нектар“ од позицијата генерален директор на мултинационалната компанија „Пепсико“ за јужно-централна Европа и Балтикот. Има повеќе од 15-годишно искуство на клучни раководни позиции. Имал значителна улога во поставувањето високи стандарди во резултатите на продажбата, воведување иновации и успешно остварување продажни и деловни стратегии. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград.
Како што наведуваат од компанијата, со своето богато професионално искуство Мишчевиќ ќе придонесе за нов циклус развој на „Нектар“ и кон натамошно јакнење на лидерската позиција и експанзија на компанијата.
„Нектар“ има над 110 милиони евра годишен промет, шест производствени погони во три земји, 1.300 вработени и извоз во повеќе од 60 земји во светот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.