Регион

„Белје“ го презема производството од „Мегле“?

21 окт 2020

„Мегле“ и групацијата „Фортенова“ постигнаа договор-по заминувањето на „Мегле“ од Хрватска, производствените погони ќе ги преземе „Белје плус“. Се договараат последните финеси, детали од договорот кој наскоро ќе биде заклучен, пренесе хрватски „Пословни дневник“. 

Не е соопштена вредноста на трансакцијата за преземање на „Мегле“. 

Со ова преземање, ќе бидат сочувани поголем број од работните места на работниците во „Мегле“ и ќе продолжи соработката со кооперантите. Производството во млекарницата во Осиек ќе продолжи и по 1 јануари 2021 година. Според информациите, „Белје“ е подготвена да задржи 70 отсто од сегашните 160 вработени и да продолжи да откупува млеко од 282 кооперанти. 

На овој дел од Европа, „Мегле“ ќе го развива производството во БиХ и во Србија, каде веќе има погони. Од Управата во Хрвтаска соопштија дека производството во оваа земја се покажа како неисплатливо за компанијата. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



За 400 отсто порасна интернет продажбата во пиварницата „Лашко унион“

25 ное 2020

„Лидл“-Србија се откажа од новогодишната прослава и ќе ги донира парите

25 ное 2020

Магацинот на „Лидл“ во Арја вас доби LEED сертификат

25 ное 2020

Претставено првото виски во БиХ - Bos Taurus

25 ное 2020

Словенија го отвори планот за отворање на економијата

25 ное 2020

„Меркатор“ постигна пораст на приходите

25 ное 2020
Вчитува уште новости...