Tрговскиот синџир „Рептил“ ја отвори првата продавница од форматот „Рептил Special“, која е лоцирана на улицата Пандил Шишков, бр. 1/7 во скопската населба Аеродром.
Поведени од трендот за здрав живот и желбата да останеме здрави не само во овој период на пандемија, туку и понатаму, одлучивме да излеземе од секојдневниот концепт на работа и да им овозможиме на купувачите нешто поразлично, изјавија од „Рептил“.
„Рептил Special“ беше отворен на 19 септември, се простира на 150 квадратни метри и опфаќа месарница, оддел за готови јадења, слаткарница, винотека, оддел за органски производи, зимница и др. Освен месото, кое е од „Компанија Атанасови“ и потекнува од виничко Пеклани, во рамките на месарницата има и свежа речна и морска риба. Готовата храна, која освен во овој маркет е достапна уште во 7 други објекти, се приготвува во главната кујна на „Рептил“ во Центар, од каде секојдневно со термокинг-возило се транспортира до маркетите.
За купувачите ја одбравме најдобрата зимница Home made food, произведена во Струмица од вредните раце на 20 жени, кои работат во овој погон и рачно произведуваат ајвар, лутеница, слатка и џемови, истакнуваат од „Рептил“.
Винотеката изобилува со ексклузивни вина од најугледните винарници од Македонија. „Жестокиот“ асортиман е збогатен и со висококвалитетни ракии од земјава и околината, но и со виски, узо, вотка... На одделот за деликатеси може да се најдат висококвалитетни млечни и сувомесни производи, како и сосови, тартуфи, намази, маслинови масла, оцети со вкусови, конзервирани зеленчуци, италјански рачно изработени тестенини итн.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.