Македонија

„Леона“ лансира „Леона премиум крем“

30 Sep 2020

Во друштво на најблиските соработници, денес и официјално во ресторанот „Воденица Мулино“ во Скопје беше претставен новиот „Леона премиум крем“, производ на „Лион“, производителот на брендот „Леона“. 

Од компанијата велат дека станува збор за крем кој што е направен по сите светски стандарди и кој има два вкуса, односно црн крем со 13 отсто лешник и мешан крем, односно црн и бел со 7 отсто. Врвниот квалитет го гарантираат внимателно избраните суровини и големото количество на лешник од докажано природно-високо квалитетно сертифицирано потекло. 

Овој единствен домашен производ е вистинско освежување и новитет кој ќе донесе беспрекорен вкус и ќе претставува вистинско уживање за секој кој ќе го проба. Во однос на состојките од кои што е направен мора да се нагласи дека станува збор за внимателно одбрани високо квалитетни состојки, не содржи транс масти и вештачки бои, ниту пак засилувач на вкусот, велат од тимот на „Леона“. 

„Лион“ кој е производител на брендот „Леона“повеќе од 22 години опстојува на пазарот и од година во година ниже успеси, вложува во развој на технологија и знаење и оди чекор напред во квалитетот во однос на конкуренцијата. Освен во Македонија, производите се извезуваат и надвор од нашите граници, и тоа во дури 26 земји, меѓу кои се Сингапур, Италија, Германија, Шпанија, Холандија и други. Во фабриката секојдневно работат 16 производи линии, а се произведуваат на дневно ниво по 80 тона слатки десерти, односно какао кремови, какао табли, бисквити и кекси и наполитанки. 

„Леона премиум крем“ веќе може да го најде во сите подобро снабдени маркети во Македонија, а наскоро ќе биде достапен и надвор од државата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...