Македонија

Со едно евро ќе се основаат фирми

22 Sep 2020

Почната е постапка на законски измени и основање на фирма со основна главнина од 1 евро, најави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција. 

Со можноста за основање фирми со основна главнина од 1 евро, тој вели дека граѓаните ќе имаат поголеми можности со минимални трошоци да ги реализираат своите идеи и бизнис планови.

Исто така, работиме на создавање на регистар на парафискални давачки со кој ќе целиме преку реформи во институциите да ги намалиме парафискалните давачки до 75 отсто и нивно нивелирање во согласност со големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори, рече Бектеши.

Тој го спомена како еден од приоритетите и веќе најавениот проект со кој Македонското село во Нерези ќе се претвори во „старт-ап“ село каде младите од земјава и странство ќе имаат можност да основаат бизниси без да плаќаат режиски трошоци.

Тој се осврна и на кризата со ковид-19, која рече дека во изминатите седум месеци ги забавила проектите, а најави и дека до крајот на неделава може да се презентира и четвртиот пакет на економските антикризни мерки.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...