Македонија

Четвртиот сет мерки ќе биде готов до крајот на неделава

21 сеп 2020

Очекувам до крајот на неделава да биде готов четвртиот сет мерки за помош на граѓаните и стопанството, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Како што најави и премиерот Зоран Заев ние веќе имавме неколку состаноци, а одржавме и економски совет. Денеска продолжуваме со состаноците на кои ги правиме сите проекции. Веќе се добиени сите барања од стопанските комори и моментално се прават последните анализи. Како институција ги пративме и нашите предлози имајќи предвид дека имавме повеќе состоноци со стопанските комори и очекувам дека во текот на неделава ќе излеземе со четвртиот сет економски мерки со цел да им помогнеме на граѓаните, но истовремено и на стопанството, рече Бектеши.

Со новиот сет мерки ќе бидат таргетирани најпогодените сектори и граѓани. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...