Македонија

Бектеши: Ќе продолжиме со помошта за плати во најпогодените сектори

18 Sep 2020

Државата досега одвои вкупно 500 милиони евра за поддршка на економијата. Досега се реализирани и исплатени околу 140 милиони евра од кои приближно 40 милиони евра за граѓаните, а 100 милиони евра како финансиска поддршка за фирмите, објави министерот за економија, Крешник Бектеши. 

 Целта на овие мерки за бизнисот беше преку задржување на ликвидноста на стопанството да се обезбеди неговото нормално функционирање и да се поттикне економската активност – фирмите можат да ги сервисираат своите редовни обврски, но и да преземаат инвестициски активности што е од големо значење за надминување на кризниот период, рече Бектеши.

Владата работи и на четвртиот пакет економски мерки.

Четвртиот сет мерки е нашиот приоритет. Со него ќе целиме да помогнеме и на секторите во кои претходно и можеби немаше дадено помош.Со четвртиот пакет мерки ќе бидат опфатени најсиромашните, со цел да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжиме со помошта за платите во најпогодените сектори. Четвртиот сет мерки ќе биде значајно поголем пакет мерки бидејќи ќе опфати повеќе категории на граѓани, но и ќе биде сет емрки кој ќе се реализира до крајот на оваа година, кажа Бектеши.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...