Македонија

Нов „Супер Кит-Го“ во Илинден

10 Sep 2020

На 2 септември беше отворен нов „Супер Кит-Го“ во Марино, општина Илинден, на улицата 534, бр. 21.

Новиот „Супер Кит-Го“ е петтиот објект од овој формат на штипскиот синџир маркети – претходните четири се лоцирани во Велес, Штип, Куманово и во скопската населба Тафталиџе.

Новоотворениот „Супер Кит-Го“ се простира на продажен простор од 1.500 квадратни метри, како и на дополнителен магацински простор од 300 квадрати. Малопродажниот тим го сочинуваат 26 вработени.

Маркетот нуди богат избор од 24.000 производи и располага со неколку свежи оддели за храна – оддел за овошје и зеленчук, месарница, рибарница и пекарница. Потрошувачите може да се услужуваат на четири наплатни каси.

Од компаниијата го најавуваат и следниот „Супер Кит-Го“, кој наскоро ќе биде отворен во Кочани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...