Македонија

Пристигнати се 777 апликации од компании кои инвестирале во време на пандемија

04 Sep 2020

Во Министерството за економија пристигнати се 777 апликации од компании кои инвестирале во време на ковид-19, но и од оние кои ќе инвестираат во 2021 година.

Веќе е формирана комисија која треба да ги разгледа апликациите и очекуваме во првата недела на октомври да се исплати финансиската поддршка на сите компании кои ги исполнуваат условите за добивање помош. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши по средбата со претседателот Неби Хоџа и тимот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на која, како што рече, разговарале за динамиката на реализација на економските мерки.

За да се продлабочи соработката со СКСЗМ денеска им понудив да назначат нивен човек кој е во тек со работите на комората и да стане мој посебен советник. Со тоа сакаме да покажеме дека директно и на дневна база ќе бидат информирани и членовите на комората за сите политики кои се во фаза на креирање и за сите мерки и програми што се реализираат од страна на Министерството за економија, но и од Влада во целина, рече Бектеши по средбата и нагласи дека побарал од СКСЗМ да се вклучат што повеќе во креирањето на четвртиот сет на екномски мерки што во мементов ги креира економскиот тим на Владата.

Според Хоџа, приоритетите за кои Комората смета дека се неопходни да се реализираат се реформите во институциите, мерките за закрепнуање во економијата, економскиот стабилен сектор кој треба да се поттикне да ја зајакне и оддржи економијата жива и економските мерките во борбата против ковид-19.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...