Македонија

Народна банка: Продолжува растот на кредитната поддршка на домашната економија

21 Aug 2020

Банкарскиот систем продолжи да обезбедува кредитна поддршка на домашната економија и во текот на вториот квартал од годината, со што придонесува за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза, соопшти  Народната банка.

Во соопштение од Кабинетот на гувернерот на Народната банка се наведува дека во второто тримесечје вкупниот обем на новите кредитни текови изнесува околу 9 милијарди денари, при што нешто над половина од овој износ се текови остварени во јуни 2020 година. Со тоа, годишната стапка на раст на кредитите на крајот на јуни изнесува 6,6 отсто и е над проекцијата на Народната банка.

Кредитната поддршка на банките е насочена и кон корпоративниот сектор и кон домаќинствата. Придонесот на кредитите на корпоративниот сектор во кварталниот раст на вкупните кредити е нешто поголем во однос на придонесот на кредитирањето на домаќинствата. Од март наваму, Народната банка донесе неколку сета на мерки, во насока на стимулирање на кредитната активност и подобрување на ликвидноста, а нивните ефекти се видливи преку последните податоци за динамиката на кредитниот пазар, се наведува во соопштението.

Од Народната банка посочуват дека согласно со најновата Анкета за кредитна активност, се очекува кредитната поддршка на домашната економија да продолжи и во третиот квартал, со олеснување на кредитните услови кај претпријатијата, а банките очекуваат и зголемување на кредитната побарувачка кај двата сектора.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...