Почна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020 година.
По оваа основа, досега на сметките на над 140 илјади граѓани „легнаа“ 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.
Исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020:
* Поврат: 5,44 милиони евра
* Граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или 25.000 граѓани повеќе во однос на претходното тримесечје
* Скенирани сметки: 41,7 милиони сметки
* Направен промет: 21,4 милијарди денари
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.