Македонија

„Лион“ лансира Леона премиум крем

19 Aug 2020

„ЛИОН ДОО“, производител на брендот Леона, од 1 септември ќе лансира нов висококвалитетен производ - премиум крем, во пакувања од по 350 грама и 700 грама.

По направените анализи и испитувања со цел да се достигне врвен и посебен вкус кој може да се носи со светските брендови, „Лион“ конечно започна со производство на новиот премиум крем под брендот Леона со два вкуса: црн крем со 13% лешник и мешан (црн и бел) крем со 7% лешник. Врвниот квалитет го гарантираат внимателно избраните суровини и големото количество лешник од докажано природно висококвалитетно сертифицирано потекло. Овој единствен домашен производ е вистинско освежување и новитет кој ќе донесе беспрекорен вкус и ќе претставува вистинско уживање за секој што ќе го проба, соопштија од „Лион“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...