Овој месец граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе ги добијат средствата од повратот за второто тримесечје од годинава.
Заклучно со 30 јуни, според податоците од Управата за јавни приходи (УЈП), скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен е промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра.
За ова тримесечје граѓаните ќе добијат поврат на 15 отсто од искажаниот промет во фискалната сметка. Во тековниот, трет квартал, според измените што ги направи Владата, ќе се врши поврат на 20 отсто од ДДВ-то за домашни производи и услуги и 10 отсто за странските.
УЈП информираше дека во април, мај и јуни годинава на апликацијата „Мој ДДВ“ биле регистрирани нови 25.000 корисници.Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.