Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив чоколаден млечен производ од „Битолска млекара“.
Следејќи го брзиот раст и развој на своите деца, родителите секогаш се во потрага по начини како да ги надополнат потребите на своите најмили, барајќи совршено балансиран производ, истовремено хранлив и вкусен, кој ќе го вклопат во добрата забава и квалитетното поминато време со своето семејство. Навистина сум горда на портфолиото Битолско чоколадно млеко со 10 витамини кое е одговорот токму на оваа потрага на родителите, на уште еден начин, со вкусно и хранливо млеко да го поттикнат психофизичкиот развој на децата, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во „Битолска млекара“.
Чоколадното млеко со 10 витамини, во својот состав ги спојува млечните протеини, калциумот и најнеопходните витамини во сооднос што е адекватен за дневните потреби кај сите возрасти, особено кај децата.
Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е проширување на портфолиото Битолско со 10 витамини, кое потпирајќи се на веќе познатото Битолско млеко со 10 витамини оваа година разви портфолио и во категориите јогурт и сладолед. Достапно е во пакувања од 250ml, 500ml и 1l.
Се вчитува следна вест...