Македонија

Отворен нов „Супер Тинекс“ маркет во Тафталиџе

13 јул 2020

Утрово почна со работа новиот „Супер Тинекс“ маркет во Скопје, лоциран во Тафталиџе, на ул. „Прашка“ бр.15. 

Од Компанијата соопштија дека маркетот е опремен со повеќе различни содржини: пиљара за свежо овошје и зеленчук, месарница за продажба на свежо месо, преработки од месо, потоа сувомеснати и млечни деликатеси, пекара каде во секое време може да се купи свеж леб и топли бели печива, винарија со голем избор на вина и други пијалаци и други содржини.

По повод отворањето, во маркетот ќе има акции, попусти и промоции. За сите членови на Мој Тинекс клубот, од 13 до 16 јули ќе се доделуваат тројно повеќе поени за износот на сметката на Поен+ картичките.

Дополнително, само денес, за секоја сметка над 1.000ден. направена од 16:00 до 18:00 часот потрошувачите ќе можат да го свртат тркалото на среќа и да добијат подарок производи.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Пекабеско“ донираше 7 тони храна

28 јул 2020

Објавена листата со фирми кои добија државна помош, а не исплатија плати

28 јул 2020

Kазни за компаниите кои ја злоупотребија државната помош

28 јул 2020

Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка

28 јул 2020

(ВИДЕО) Следната есен ќе биде готов трговскиот центар „Ист гејт мол“-доаѓаат нови светски брендови

28 јул 2020

„Алкалоид“ двојно ги зголеми инвестициите во првата половина од годината

28 јул 2020
Вчитува уште новости...