Македонија

Во август граѓаните ќе ги добијат парите за скенираните сметки

02 Jul 2020

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека вкупниот поврат на ДДВ во второто тримесечје од 2020 година кај граѓаните изнесува 334.556.243 денари, односно 5.440.000 евра.

Во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата Мој ДДВ, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки. Направен е промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари, односно 5.440.000 евра. Повратот на 15% од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година .Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...