Македонија

Повеќе награди за граѓаните кои скенираат сметки

01 Jul 2020

МојДДВ #МојаНаграда се адаптира на Ковид -19 состојбата, така што ќе има поголем број на дневни награди од 1.000 ден. за сите оние кои скенираат сметки, променети износи на награди за месечните и за главното извлекување. 

* Поголем број помали дневни награди – наместо 10 дневни награди по 1000 ден, 2000 ден. и 3000 ден. ќе се доделуваат x30 награди секој ден од по 1000 ден.

* Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена – ќе се доделуваат x15 награди од по 20.000 ден. (наместо 100.000 ден.).

* Месечното извлекување за јули ќе се изврши согласно постојните правила! на 4 Јули ќе се одржи извелкувањето за 15 награди од по 100.000 денари во кое учествуваат сите скенирани фискални сметки во месеците април, мај и јуни.

* Главното извлекување 19 Декември ќе се доделат 1.000.000 денари (наместо првично предвидените 3.000.000 ден.)

Со оваа измена ќе се доделат повеќе награди на повеќе граѓани кои скенираат сметки и учествуваат во борбата против сивата економија и воедно ќе се овозможи 9.7 милиони денари од наградниот фонд да бидат донирани кон солидарниот ковид фонд за социо-економски мерки за справување со кризата, најави министерката за финансии, Нина Ангеловска. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...