Македонија

„Битолска млекара“ со нова финансиска помош за Министерството за здравство

30 Apr 2020

„Битолска млекара“ обезбеди финансиска помош за сервисирање и репарација на апаратите за респираторна нега, кои се користат на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

И претходно, на почетокот од месецов млекарницата обезбеди донација од истиот тип за Клиниката, на која се лекуваат најголем број пациенти заболени од Ковид-19.

Многу е важно медицинската опрема да биде во исправна состојба и во нормална функција. Затоа, во согласност со потребите на Министерството за здравство, се одлучивме повторно за ваков вид донација, за персоналот на Клиниката да има опрема, со која ќе продолжи непречено да пружа соодветна медицинска нега. Искрено се надеваме дека со тоа ќе помогнеме да се спасат што повеќе заболени пациенти, велат од „Битолска млекара“

Млекарницата претходно донираше финансиски средства и за Клиничката болница во Битола, за набавка на два пациент-монитори. Компанијата обезбеди и помош во вид на производи за најранливите групи граѓани, доставена преку Црвениот крст на Битола. За граѓаните од регионите на Дебар и Центар Жупа, во најкритичните моменти кога беа во целосна изолација, беше испратена донација од 3.000 литри јогурт.

„Битолска млекара“ беше и меѓу првите што одговори на апелот на Министерството за финансии и предвремено ги плати вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година, во висина од 15 милиони денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...