Македонија

ЕБОР ја финансира Охридска банка со 2,5 милиони евра

27 Apr 2020

ЕБОР намени 2,5 милиони евра за Охридска банка, како поддршка за инвестициите во резиденцијални објекти.

Како што е наведено во соопштението на ЕБОР, ова е првиот потпишан договор за кредитирање од почетокот на глобалната криза, кој ќе ја поддржи енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе помогне во намалување на гасовите што создаваат ефект на стаклена градина и ќе го подобри квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Со потпишувањето на овој кредит, ЕБОР покажува дека е подготвена да ги поддржи партнерските банки  во сите околности. Забележуваме дека побарувачката за кредити за енергетска ефикасност продолжува во време на криза и тука сме да ги поддржиме клиентите на Северна Македонија во зелената транзиција, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за земјава.

Ова финансирање е трет кредитен договор со Охридска Банка и доаѓа од Програмата за поддршка за зелена енергија (GEFF).

До денес ЕБОР има инвестирано повеќе од 2 милијарди евра во 131 проект во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...